Кајли Џенер нападната во Холивуд: Сѐ само затоа што носи крзно

Кајли Џенер нападната во Холивуд: Сѐ само затоа што носи крзно

Објавена во: Мода // Moj стил

Активистите за права на животните ја нападнаа младата претприемачка додека била на шопинг...

Кајли Џенер се соочила лице в лице со активистите за заштита на животните додека излегувала од луксузните продавници на Родео драјв на Беверли Хилс.

25 - годишната претприемачка била спортски облечена, а носела и заштитна маска. Папараците ја фотографирале во саботата, на 18 декември, како излегува од една продавница и седнува на сувозачкото седиште во белиот Ролс Ројс со телохранителот, додека мала група на демонстранти против крзната го заобиколиле возилото и викале по неа на мегафони.

Како што се гледа на видеото кое го објави TMZ, една жена викала: „Срам да ти е! Ти си чудовиште! Срам да ти е што ја поддржуваш крзнената индустрија!“


Изгледа дека демонстрантите ја немаат посебно таргетирано Кајли за време на протестот, туку таа се најде на тоа место, па решија да ја „поткачат“ и нејзе.

Тие викаа и на другите пешаци во овој популарен трговски центар на отворено. Секако, Кајли не одговори на нивните провокации.

Инаку, таа за време на протестите не носела крзо, но порано да: во јануари предизвика бунт откако ја сподели фотографијата на која носи папучи Луј Витон, направени од крзно од куна, непосредно по споделувањето на веста за смртта на животните во Австралија, по пожарите.

Џенер подоцна донираше милион долари за помош во гаснењето на пожарот во оваа земја.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: