Кајли Џенер не сака да го откри новото име на синот: Уште не сме подготвени
Кајли Џенер го држи јазикот за заби, барем засега. Во интервју за „Extra“, младата мајка објасни зошто не е подготвена да го открие новото име на својот син. Таа и Тревис Скот првобитно објавија дека нивното новороденче се вика Волф Вебстер, а потоа изненадно објавија дека го смениле.
„Едноставно не сме го промениле целосно законски или било што друго, па не сакам да објавам ново име, а потоа повторно да го менувам. Сѐ уште не сме подготвени да го споделиме новото име“ - кажа Кајли. Младата претприемачка ова го изјави откако во март објави дека момчето, кое се придружи на постарата сестра Сторми Вебстер повеќе не се вика Волф.
Во текот на викендот, Кајли Џенер јасно стави до знаење дека не е подготвена на јавноста да ѝ го открие новото име на својот син. Таа објави фотографии од корпи со подароци од 4-от роденден на нејзината внука Тру Томпсон, кои беа означени како „Сторми“ и „Бејби Вебстер“.
фото: Притнскрин / Инстаграм