Кајли Џенер откри дека му го промениле името на новородениот син: Едноставно не се чувствувавме како да е тој
Кајли Џенер откри дека името на нејзиниот син го промениле, откако на социјалните мрежи сподели досега необјавени видеа од нејзината бременост.
Џенер, која на 2 февруари го роди своето второ дете со раперот Тревис Скот, една недела подоцна на својот Инстаграм објави дека името на нивниот син е Волф Вебстер. Двојката ја има и 4-годишната ќерка Сторми.
Вчера, откако на Јутјуб сподели видео од нејзината бременост насловено „До нашиот син“, Џенер кажа дека не чувствувале дека тоа име му одговара на нивниот син.
„Името на нашиот син повеќе не е Волф“ - напиша Џенер на Инстаграм. „Навистина не чувствувавме дека е за него. Само сакав да сподела затоа што постојано гледам Волф насекаде“.
Џенер не го откри новото име на синот.
Инаку, од Кајли и Тревис се очекува допрва да споделат повеќе фотографии од својот новороден син, бидејќи досега ја имаат објавено само фотографијата на која Џенер го држи синот за рака, со која го најави и неговото раѓање.