Кајли Џенер повеќе нема црна коса: Направи драстична промена на фризурата, а некои мислат дека е перика (ФОТО)
Дали навистина би направилa толку драстична промена?
Кајли Џенер се врати во 2014 година со својата нова фризура, во ерата на Кинг Кајли. За што се работи, ќе знаат само нејзините фанови кои ја следеле пред 10 години.
Кајли порано обожаваше да ги менува фризурите и досега сме ја виделе со различни бои, должина на коса и фризури. Веќе извесен период ѝ беше верна на својата темна црна коса. До сега! Таа ги изненади сите кога на социјалните мрежи се појави исто како во 2014 година.
Кајли во тоа време беше уште тинејџерка, мнгогу беше популарна, многу експериментираше со боите за коса, а една од нив беше розова. На која таа сега се врати!
Пастелно розовата коса не е нешто на кое фановите некогаш очекуваа да ја видат повторно бидејќи стана сериозна во последните години. Ова беше пријатно изненадување! Бидејќи е толку неочекувано и различно, има и такви кои се сомневаат дека се работи за перика и дека Кајли навистина не ја избелила и бојадисала косата.
На фотографиите нејзината коса изгледа сосема реално! Дали Кајли со оваа фризура ќе започне нов луд тренд на фарбање коса? Ќе видиме! Нејзиното влијание не е толку големо како што беше порано во ерата на Кинг Кајли, но таа може да не изненади. Изгледа на фановите им недостигаше оваа „стара“ Кајли Џенер.
Извор: teen385.dnevnik.hr