Кајли Џенер сними дел од плакарот на ќерка ѝ: Само сандалите и капите чинат неколку илјади евра (ФОТО)
Инфлуенсерката не штеди и секогаш го сака најдоброто, како за себе, така и за своите наследници...
Кајли Џенер, најпознатата инфлуенсерка на светот, сними видео на ТикТок во кое на следбениците им покажа мал дел од плакарот на ќерката Сторми, која ја доби со раперот Тревис Скот.
Во видеото во кое се гледаат делови од собите на нејзините деца, го покажа и катчето со сандали, папучи, чизми, капи и чанти на нејзината ќерка. Иако тоа не е ни дел од плакарот на малата Сторми, од цената на овие модни парчиња ќе ви се заврти во глава.
Така на пример, за шарените сандали од брендот „Гучи“, Кајли морала да плати 370 евра, додека два пара влечки кои го носат потписот од истиот бренд дала по 590 и 850 евра.
Пред летните чевли стоеја и две капи и чанта. Розовата капа, која носи потпис на „Прада“ чини околу 690 евра, а другата од брендот „Фенди“ околу 950 евра.
@kyliejenner my favorite spaces in my kid’s rooms + new @kyliebaby original sound - Kylie Jenner
Инаку, дел од модните парчиња кои се на видеото не може да се најдат на интернет страниците на некои од брендовите, бидејќи не се во продажба. Тоа и не е чудно, со оглед на тоа што Кајли често добива уникатни парчиња од дизајнерите ширум светот, кои ги има само она или нејзините деца.
фото: Принтскрин / ТикТок / Инстаграм