Кајли Џенер со барање до обожавателите: Потребни се пари за лекување на мојот пријател
Кајли Џенер вреди близу милијарда долари, но очигледно не сака да ја одделуваат од парите, дури и кога станува збор за хуманитарни цели. Младата претприемачка бара од своите обожаватели да ги стават рацете во џеб и да платат за третманот на нејзиниот поранешен шминкер и пријател Самуел Рауда. Се разбира, тоа наиде на негативни коментари кај јавноста, која не разбира зошто таа не ги плати медицински услуги.
Според „The Sun“, Самуел имал несреќа претходниот викенд, па сега нема пари да плати за лекувањето. Затоа, Кајли им се обрати на обожавателите за помош и тоа преку Инстаграм стори, а таа донираше „само“ 5.000 американски долари. „Бог да те благослови Самуил“, напиша Кајли, додавајќи: „Ве молам, одвојте еден момент да се помолиме за Сем кој имаше несреќа претходниот викенд. Повлечете нагоре за да донирате пари“.
the fact that kylie jenner has the audacity to ask for donations for her friends/makeup artists emergency surgery (60,000) while shes worth a whole BILLION is very character telling ahahahahahaahahahahaha im so embarrassed for her
— nina (@ninamazx) March 20, 2021
Многумина беа погодени од тоа што таа не сака да му помогне на својот пријател и поранешен соработник, бидејќи 60.000 долари што му се потребни не се дар од Бога. „Фактот што ѝ е дозволено воопшто да бара пари за својот пријател, а има милиони, најдобро зборува за тоа каква личност е“ - напишала една девојка. „Се срамам во нејзино име.“
Други се сеќаваат дека Кајли истовремено се расфрла пари, како кога ѝ купи на својата ќерка чанта од 15.000 долари! Со едноставна математика, Кајли донираше 0,000006 проценти од своето богатство! Во превод, би било како некој чија просечна плата е 1.000 евра да донира околу осум американски центи!
За среќа, добрите луѓе веќе собраа над 100.000 американски долари, а сега се собираат дополнителни средства што ќе му бидат потребни за закрепнување. Тој порано соработуваше со Кајли, во 2015 година, но само во два наврати. Секако дека Кајли нема должност да им помага на сите несреќници на светот, но мораше да биде свесна дека тоа што го направи ќе изгледа многу лошо!