Кајли Џенер со слатка фотографија објави дека се породила: Конечно се знае и полот на новото беше во семејството Кардашијан
Кајли стана мајка по втор пат...
Најголема вест за сите обожаватели на Кајли: таа и Тревис станаа родители по втор пат. Кајли не ја криеше долго оваа среќна вест, а конечно и суптилно го откри и полот на новото бебе.
Моментот кој обожавателите на Кардашијан нетрпеливо го очекуваа - Кајли го роди своето второ дете. Таа и Тревис објавија заедничка објава на Инстаграм, а иако не напишаа, суптилно го открија полот на бебето - сино срце за новото момче во семејството Кардашијан - Џенер. Едноставната црно-бела фотографија на која Сторми го држи за рака бебето сигурно ќе собори барем еден рекорд на Инстаграм. Истото се случи и со првата објава кога се роди Сторми. Обожавателите на Инстаграм сакаат среќни вести.
Иако објавата пристигна во текот на минатата вечер, 6 февруари, датумот во описот на фотографијата открива дека момчето се родило на најпосебниот датум оваа година, 2 февруари. Освен што се родило на посебен датум, тоа е и посебен датум за семејството Џенер, бидејќи нивната постара ќерка, Сторми, слави роденден еден ден порано, на 1 февруари. Кајли и Тревис уште не го открија името, а сосема сигурно е дека ќе биде нешто оргинално што никој не би го претпоставил. Под објавата почнаа да се нижат честитките од познатите личности, а фотографијата за само 9 часа собра повеќе од 14 милиони лајкови.
фото: Инстаграм/kyliejenner