Кајли ги шокираше сите со цената на плишаните играчки кои ги имаат нејзините деца (ВИДЕО)
Можеби овој пат сепак претера...
Сметаме дека на сите веќе им е добро познато колку е богато семејството Кардашијан - Џенер, но често повторно ни го докажуваат тоа, како да не сме уверени во тој факт. Истото тоа сега повторно го направи Кајли со само една фотографија на Инстаграм.
Кајли Џенер на почетокот на февруари стана мајка по втор пат, а неодамна пишувавме за тоа дека таа и Тревис се предомислиле за името на нивното дете и дека првичното име Волф веќе не е во игра. Таа оваа вест ја објави преку стори на Инстаграм, а сега повторно ги заинтригира некои од своите обожаватели. Имено, таа на Инстаграм објави фотографија со три плишани играчки, кои наводно се наменети за новиот член на семејството, чие име уште не е познато.
@jackiethemenace #greenscreen #wolfwebster #bankrupt #paymycollegetuition #fyp original sound - kardashianicon
Но, една девојка посебно се заинтересира за една работа околу тие плишани играчки, а тоа е нивната цена. Така таа откри дека првата плишана играчка, во облик на мече чини 635 долари. Тоа мече е навистина скапо, но цената на другото дефинитивно ја надминува претходната - станува збор за вртоглави 2.030 долари. Освен за овие две, девојката ја дознала и цената за последната играчка, која е исто така во облик на мече и таа дефинитивно ги победи сите претходни.
Станува збор за 20.050 долари. Мораме да признаеме дека Кајли навистина не штеди кога се нејзините деца во прашање, што не е лошо, но овие цени се навистина превисоки, особено затоа што се во прашање обични плишани играчки, само со вртоглави големи цени.
фото: Принтскрин / ТикТок