Кајли не сака да се омажи за Тревис Скот?
Освен тоа што наводно не сака да се омажи за своето момче, постојат големи можности Кајли наскоро да се смири со Џордан Вудс.
Поминаа пет месеци од големиот прекин на пријателството помеѓу Кајли Џенер и нејзината бивша најдобра другарка Џордан Вудс. Целиот свет очекуваше драма, а нивните патишта едноставно се разминаа.
Кајли си најде нови пријателки и работи на својата козметика, а Џордан се концентираше на својата кариера.
Близок извор за странските медиуми изјавил дека Кајли за Џордан зборува само позитивни работи, но не е сигурен дали е уште прерано за да се смират во јавноста. Времето ќе гопокаже тоа. Но, најважно е да нема накакви драми. Па, со среќа нека им биде!
Кајли и Тревис Скот никогаш немаат кажано пред јавноста дали се венчани, а фановите постојано погодуваат. Одговорот го имаме ние: не се венчати се уште. Додека извор за „Us Weekly“ изјавил дека Тревис всушност сака брак, додека Кајли не е толку одлучна. Можеби тоа е така поради причината што има само 21 година, па можеби мисли дека и е прерано? Не знаеме, но сигурни сме дека ќе ја донесе најдобрата можна одлука.