Кајли позираше во Ролс - Ројс направен за неа: Само чантата која ја држи вреди како еден „обичен“ автомобил
Познатата инфлуенсерка уште еднаш сакаше да докаже дека таа е најмладата милијардерка на светот, па сподели фотографија на која беше опкружена со луксуз...
Кајли Џенер на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира во луксузен автомобил, специјално изработен по нејзина мерка, на кој внатрешноста му е розова, а сето тоа таа го искомбинира со розов „Прада“ шешир и мала „Биркин“ чанта во иста боја, која чини како цена на еден „обичен“ автомобил.
Имено, Кајли објави нови фотографии на кои позира во розов Ролс Ројс, а на која е облечена во стилот на 90 - тите години.
„Сето ова е за мене“ - напиша во описот на фотографијата.
Инаку, чантата „Биркин“ која носи чини 7.700 долари, додека цената на луксузниот автомобил се движи до околу половина милион долари.
Може да ве интересира:Во пресрет на последната сезона: Најдобрите моменти од реалното шоу на Кардашијанс