Како би изгледал Џејмс Чарлс да не е толку феминизиран? И самиот се заљуби во себе (ФОТО)
Навикнати сме да го гледаме со шминка...
Џејмс Чарлс е сѐ поактивен на ТикТок. На Јутјуб е во опаѓање и неговите славни денови полека исчезнуваат, но затоа ТикТок е местото каде што секој сака да биде. Јутјуберите за убавина овие денови сѐ повеќе се селат на ТикТок.
Јутјуберот подолго време има ТикТок, но на него не објавува толку редовно колку би сакале неговите следбеници. Во последно време е малку поактивен, и тој и бројни други ѕвезди кои ги знаеме од Јутјуб. Сите кои го следат знаат повремено да ги погледнат објавите на кои е означен и да видат на што го означуваат луѓето. Така, сега се појави едно видео во кое еден уметник со помош на уредување на фотографиите, Џејмс Чарлс го претворил во маженствена верзија.
Не е тајна, а ни ништо чудно дека овој инфлуенсер сака да се шминка, да носи фустани, да става перики и слично. Тоа е дел од неговиот идентитет. Навикнати сме да го гледаме вака.
А, како изгледа поинаку? Нема сомнеж, изгледа топ! А, ако некогаш се прашувал како би изгледал ако е помажествен, еден негов следбеник го има одговорот на тоа прашање. Земал една негова фотографија и со малку уредување му додал маженствени карактеристики на лицето. Му додал брада, му го истакнал адамовото јаболко, му го проширил носот, му ги тргнал филерите од уста... Видеото стигна и до Џејмс кој бил толку воодушевен, што истакнал дека и самиот паднал на себе.
@jamescharles #duet with @jose_arrt ceilings plot twist - sped up sounds
фото: Принтскрин / Инстаграм