Како би изгледала доколку ги зголемиш усните? Постои начин како можеш да го провериш тоа веднаш

Како би изгледала доколку ги зголемиш усните? Постои начин како можеш да го провериш тоа веднаш

Објавена во: Мода // Moj стил

Мал трик кој ќе ти покаже каква би била разликата на твоето лице...

Филерите за усни се популарни и тешко е воопшто и да се пронајде некоја позната личност која ги нема. Ефектот на полни и поголеми усни завладеа со светот, а иако станува збор за помала естетска промена, разликата која ќе ја направи е голема.

Сите сакаат полни унис, но не им стојат добро на сите. Особено, кога девојките почнуваат да претеруваат и да ставаат преголеми усни. Тогаш не изгледаат добро и повеќе личат на карикатури. Освен тоа, ова со цената не е баш пристапно на секој, а и добро треба да се одбере каде ќе одиш да ги ставиш, бидејќи не сакаш да завршиш како некоја од девојките кои завршиле лошо. Ако некогаш те интересирало како би изгледала доколку ставиш филери во усните и ги зголемиш, една девојка има трик со кој можеш лесно да дознаеш. Во видео на ТикТок покажува што точно треба да направиш.


И усните ќе ти изгледаат поголеми, како да си ставила филери - и тука е одговорот на тоа како би изгледала доколку ставиш. Девојката покажа изгледа и кога ќе го тргне јазикот од оваа поза, а разликата е огромна. Ако ова некогаш те интересирало, вака можеш лесно да дознаеш. А освен тоа, ова може да биде и твој мал трик за како на фотографии да имаш поголеми усни, а да не користиш шминка или да ги уредуваш. Единствено во овој трик може да спречи, доколку носиш протеза, тогаш тоа малку потешко ќе го изведеш.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: