Како целиот нормален свет: Анџелина Џоли е уловена со ќерката во маркет, а поради едно нешто нејзината наследничка е мистерија за сите (ФОТО)
За оваа активност и двете беа лежерно облечени...
Актерката Анџелина Џоли неодамна се врати во Лос Анџелес, откако некое време помина во Пакистан како претставник на Обединетите нации за бегалци.
Очигледно е дека многу ѝ недостасувале децата, па така ја уловија со ќерката Вивиен (14) со која во таа прилика пазаруваа во еден супермаркет.
За оваа активност одбраа лежерно модни комбинации - актерката носи големи, црни очила за сонце, додека Вивиен маска на лицето.
Инаку, токму со неа Анџелина најчесто се појавува во јавснота, иако за неа најмалку се пишува. Таа и нејзиниот брат близнак, Нокс, се родени на француската ревиера, во Ница, а Нокс на свет дојде една минута порано од својата сестра.
Токму нивните фотографии Анџелина и Бред ги продадоа на магазините „People“ и „Hello!“ за 15 милиони долари и парите ги искористија за своето добротворно здружение. Близнаците се школуваат дома, а изгледа дека чекорат по филантропските и хуманитарни чекори на својата мајка.
Иако двојката можеби не сакаше децата да одат по нивните актерски чекори, и Нокс и Вивиен веќе се испробаа во тоа. Така, таа ја глумеше младата принцеза Аурора во филмот „Maleficent“ (во кој се појави заедно со мајка ѝ), а Нокс го позајми својот глас на Ку Ку во филмот „Kung Fu Panda 3“.
Вивиен ја нарекуваат и најтаинственото дете на оваа двојка.
фото: Профимедиа / Јутјуб