Како да бидеш посуспешен: 7 одлуки кои мора да ги донесеш пред да започне учебната година

Како да бидеш посуспешен: 7 одлуки кои мора да ги донесеш пред да започне учебната година

Објавена во: Совети // School zone

На почетокот на секоја година, носиме разни одлуки. Зошто тоа да не го правиме и на почетокот на учебната година?

Иако почетокот на новата учебна година е еден од најзначајните датуми во годината (освен датумот на раѓање), логично е да се подготвиме за него. Особено е стресно доколку сме пред старт на средното образование.

Не  е секогаш лесно да се одржи ветувањето, но треба да размислиш дали ќе се држиш до овие одлука - секако за твое добро. Доколку се придржуваш до истите, ќе бидеш подобар ученик, другар и омилен соученик.

# Немој да се споредуваш со своите пријатели - освен што можеш да развиеш завист, што не е добар човекова особина, ќе станеш незадоволен смаиот од себе, доколку твојот најдобар другар е подобар од тебе, а може да настане и раздор помеѓу вас. Фокусирај се само на себе и оние предмети кои тебе ти се важни за во иднина.

# Признај си самиот дека некои предмети не ти одат и побарај помош - проголтај го егото и кажи „јас тоа не го знам“ - обрати се кај професорот кој ти го предава овој предмет, кажи им на родителите дека добро ќе ти дојдат приватни часови или замоли некој од класот да ти помогне во учењето.

# Развиј добар однос со професорите - не, не мора да им се „лижеш“, само мора да покажеш интерес за предметот кој ти го предаваат. Тие се тука да ти помогнат, иако понекогаш изгледа поинаку.

# Немој никогаш да се откажеш од своите цели - ако мислиш дека си добар во цртањето, по историја, хемија или математика - насочи се на тоа. Можеш да постигнеш се доколку доволно веруваш во она што го сакаш. За некои работи едноставно мора повеќе да се потрудиш и да доживееш неправди, но немој да се предаваш.

# Информирај ги своите професори за проблемите со кои се соочуваш - кажи му ги на некој професор со кој имаш развиено добар однос да имаш семејни проблеми, дека никогаш не успеваш да го решиш тестот до крај, дека си претерано немирен или што и да те мачи. Во училиште има и педагози и психолози кои може да ти помогнат, затоа немој да се срамиш и побараш помош.

# Организирај го своето време внимателно - со одложување на обврските ништо нема да постигнеш. Најдобро е се насочиш на решение на истите што ќе се појават.

# Немој да ги избегнуваш предизвиците поради стравот од неуспехот - пробај да одиш на некое натпреварување по предметот кој те интересира, зачлени се во кошаркарскиот клуб или во училишниот хор - дури и да не успееш, барем ќе знаеш дека имаш пробано.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: