Како да го направите момчето љубоморно на вистински начин: 9 работи кои ќе го полудат

Како да го направите момчето љубоморно на вистински начин: 9 работи кои ќе го полудат

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Љубомората во умерна доза некогаш е здрава...

Постојат грди и подли начини да се направи некој љубоморен, како и оние малку поправилни. Постојано да правиш работи за кои знаеш дека ќе го направат некој љубоморен е проблематично однесување, но некогаш нема да повредиш никој и ќе дознаеш дали тој некој навистина е заинтересиран тебе, како што вели.

Вистинските начини на кои можеш да го постигнеш ова се некои од следниве 9. И имај на ум, без претерување!

# Прашај го за совет кој се однесува на момчињата

Ова е нешто што можеш да го направиш само доколку не сте во врска, а се гледате и ти сакаш да имаш нешто повеќе со него.

# Изгледај колку што можеш подобро

Ова ултимаивен начин како да го привлечеш неговото внимание. Доколку знае дека ќе одиш некаде и ќе му кажеш како си се подготвила, а особено доколку тој не оди со тебе, веројатно ќе биде малку љубоморен, дури и да не ти го покажува тоа.

# Објави некоја своја фотографија на Инстаграм на која изгледаш фантастично

Не полугола фотографија или премногу провокативна. Можеш и да изгледаш пристојано, а и понатаму да ги воодушевиш сите оние кои ќе ја видат твојата фотографија.

# Смеј се на шегите на некои друго момче

Момчињата се посесивни околу ваквите ситници. Не сакаат кога некој друг ја засмејува девојката, која е негова.

# Зборувај за познатата личност која ти се допаѓа

Момчињата сакаат да се натпреваруваат повеќе отколку девојките. Сакаа да веруваат дека тие се онаа личност која ја сметаш за најзгодна и најсовршена, а доколку почнеш да зборуваш за твојата симпатија од светот на познатите, твоето момче ќе стане нервозно.

# Спомни го поранешното момче

Ова е ризично. Треба да го пронајдеш вистинскиот начин како да го споменеш поранешното момче, но тоа да не изгледа како сѐ уште да патиш за него.

# Со некоја ситница дај му до знаење дека не ти треба

Момчињата сакаат да бидат потребни, без разлика дали станува збор за да ти помогнат за нешто или да ти бидат друштво за заедно да гледате серија. Доколку со некоја ситница му покажеш дека не ти треба и дека можеш нешто да направиш сама, ќе биде малку љубоморен.

# Однесувај се како да имаш некоја тајна

Не мора тоа да биде вистинска тајна или нешто драматично, само раскажи му дел од приказната, а другиот дел изостави го.

# Биди пријателски расположена кон останатите момчиња

Тоа не значи дека треба да почнеш да флертуваш, туку биди пријателски настроена кон другите момчиња. Тоа ќе биде доволно за да се разбуди љубомората и да го добиеш од него вниманието кое го заслужуваш.

фото: shutterstock

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: