Како да го сочувате менталното здравје за време на пандемијата?
Погледнете кои се советите од експертите за тоа како во овие тешки времиња да го сочувате менталното здравје...
Времето на пандемијата коронавирус никој не го преживува лесно. Многумина поради вирусот станаа акцозни. Светската здравствена организација постојано споделува упатства како да се заштитите за време на пандемијата и како да ги заштитите другите, а сега започнаа да делат совети и за тоа како да водите грижа за своето ментално здравје. Еве неколку од најважните совети:
# Останете во контакт со пријателите
Само затоа што трае изолацијата, не значи дека морате да останете без контакт со надворешниот свет. Останете во контакт со луѓето кои ги сакате, слушајте се преку телефон или социјалните мрежи. Денес барем постојат многу можности за контакт, освен лице в лице, благодарејќи на интернетот!
# Одморете се од социјалните мрежи
Доколку ве фаќа паника од вестите кои ги читате околу вирусот на интернет и социјалните мрежи, време е да го исклучите интернетот. Информирајте се за релевантните извори, како страницата на Светската здравствена организација, потоа веродостојните медиумски извори, а социјалните мрежи барем на кратко оставете ги настрана.
# Задолжително миење на рацете
Лекарите препорачуваат редовно да ги миете рацете. Пред јадење и по допирање на кваките на вратите, како и по ракување се препорачува миење на рацете од барем 20 секунди. Исто така, користете и средства за дезинфекција.
# Немојте да паничите
Се е во ред. Придржувајте се до советите на лекарите и се ќе биде како што треба. Но, и во случај да ве фати паника, земете воздух и смирете се. Нема причина за паника, а за да се опуштите пуштете го вашиот омилен филм или серија.
# Останете дома, грижете се и мислете на другите
Вклучете се во светската акција #Седисидома. Мислете на другите, себе, бидете одговорни и внимавајте на сите околу себе.