Како да изгледате послабо на фотките: Важно е како ќе застанете и од кој агол ќе ве фотографираат
Потребна е само една секунда за да се направи една фотографија и тоа како ќе застанете во таа секунда, како ќе ја наместите главата или која модна комбинација ќе ја изберете може да влијае на тоа како ќе ви испадне фотографијата.
Во продолжение ти подаруваме 7 совети кои можеш да ги примениш, за на фотографиите да изгледаш послабо:
# Фотографирање од птичја перспектива
Птичјата перспектива или т.н. фотографирање од горниот агол можеш да го направиш доколку мобилниот телефон или фотоапаратот го кренеш над висината на својата гглава или ако го ставиш на полица која е повисока од тебе. Од овој агол ќе изгледаш послабо, отколку да те фотографираат одоздоле. Доколку те фотографираат на овој начин и гледаш во камерата, ќе постигнеш ефект и на подолг врат.
# Положбата на главата
Ова може да направи многу голема разлика на фотографиите. Кога сакаш да изгледаш послабо, никогаш не би требало да ја наслонуваш главата наназад, бидејќи така ќе изгледа како да имаш поголема брада, но и цело лице ќе ти изгледа поголемо. Дури и кога мислиш дека имаш подбрадок, главата нека ти остане право, најнормално што може.
# Положбата на телото
Важна работа е да не бидеш со телото свртена кон објективот, бидејќи каква поза и да имаш, вака ќе изгледаш подебело. Подобро е за сантиметар да се свртиш во било кој правец, зависн одо тоа на која страна подобро ќе изгледаш, и да се исправиш и да внимаваш рамената да не ти се подгрбавени. Добар трик е едната нога да ја ставиш пред другата и прстите на нозете да гледаат кон камерата.
# Вовлечи го стомакот
Ова воопшто не треба да се споменува. Тие неколку секунди, колку што позираш, вовлечи го стомакот, но внимавај да не претераш или поради тоа да го изгубиш рамното држење, бидејќи тогаш нема да направиш ништо. Грбот и рамената треба и понатаму да ти останат прави.
# Положбата на рацете
Уште една важна работа доколку сакаш на фотографиите да изгледаш послабо, треба да внимаваш каде ти се рацете. Никогаш немој да ги држиш во правец со телото, тоа никако нема да ти биде од корист. Двете добри пози за да ги држиш рацете до телото се малку да бидат одделени или пак во едната рака секогаш да ти биде на половината.
# Темна облека
Трик со кој исто така можеш да се послужиш е паметното бирање на облека. Доколку знаеш дека со сигурност ќе се фотографираш таму каде што ќе одиш, облечи некоја темна комбинација, во неа на фотографиите ќе изгледаш послабо. Кај изборот на облека, внимавај да не носиш нешто што е многу широко.
# Фризура
И последната работа на која треба да обрнеш внимание е фризурата. Постои една фризура која по секоја цена би требало да ја избегнуваш додека се фотографираш, а тоа е залижанато коњско опавче или било која друга залижана фризура.