Како да ја обновите косата по летото: 4 едноставни методи
По честото миење и седење на сонце, косата често изгледа суво и без живот.
Поради тоа, на почетокот на септември е неопходно темелно да ја освежите косата. За да ја обновите косата, обрнете внимание на следната процедура.
# Ботокс за коса
Ботоксот за коса е релативно нова, но многу ефикасна процедура која ќе го врати здравиот и добро одржлив изглед на косата. Покрај тоа, ефектот од процедурата е кумулативен. Ботоксот може да го направите во фризерски салон или сами дома. Секако, називот „ботокс на коса“ е само име, а составот на производот нема никаква врска со бокстот за лице. Всушност, тоа е длабока процедура за обновување на косата.
# Маски со масло
Маските со масло не само што го олеснуваат расчешлувањето на косата и ја прават косата мазна, туку и совршено ја подобруваат структурата на влакната. По летната сезона, се советува да примените маска од кокосово или маслиново масло во размер 1:1.
Едноставно нанесете ја мешавината на влажна коса и оставете го маслото да отстои 20 - 30 минути. Потоа измијте ја косата, како и обично. Потребно е маската со масло да ја применувате седум пати, секој втор ден.
# Хидратација на косата
Интензивната хидратација на косата е одлично решение кога е потребно брзо опоравување на косата. Најдобрата хидратантна процедува е било која маска со добар состав, во која ќе додадете една лашица ши путер.
Добро измешајте ги сите состојки за да направите хомогена смеса. Нанесете ја на чиста и влажна коса и оставете ја маската да отстои 30 - 40 минути. За да го подобрите ефектот, од време на време загревајте ја косата со фен. Повторете ја постапката четири пати, секој втор ден.
# Фолија за коса
Фолијата за коса е потребна само во случаи кога косата е многу оштетена. За оваа процедура ќе ви биде потребна хранлива маска: нанесете ја на влажна и чиста коса и косата замотајте ја со фолија. Оставете ја маската да отстои 30 - 40 минути, а потоа измијте ја со топла вода. Маската со фолија применувајте ја еднаш неделно.