„Како да немаш воздух“: Кендал за својот прв напад на паника
Дека анкциозноста, депресијата, паничните напди и останатите слични болести се честа појава кај голем број луѓе, па дури и кај познатите личност, потврди и Кендал Џенер, искрено зборувајќи за сопствената борба со анкциозноста...
За време на неодамнешното учество во емисијата „Good Morning America“, Кендал отворено прогови за психичкото здравје и проблемите со кои се бори последните години, а се присети и на својот прв напад на паника.
"Mental health is a pandemic in its own right." @kennethcolereal launches the #MentalHealthCoalition with help from @KendallJenner. The initiative brings together mental health resources and service providers in one place. https://t.co/8RNWwZSahr pic.twitter.com/fmEj6xPn6M
— Good Morning America (@GMA) May 15, 2020
„Кога со денови не би имала што да правам, се чувствував вознемирано, па затоа почнував со медитација или читав книга за да смирам“ - вели таа.
Исто така, во младоста имала проблеми и со повремени напади на паника.
„Во тоа време бев навистина млада, но се сеќавам дека нападите беа како губење на воздухот, не можев да дишам, барем така се чувствував. Трчав кон мајка ми, велејќи и дека нешто не е во ред, па таа ме однесе на лекар за да утврдиме што не е во ред со мене. Штета, шот никој никогаш не ми кажа дека станува збор за анкциозност. Нападите се вратија повторно пред три, четири години.“ - призна таа.
За да успее да му помогне на некој кој се бори со слични проблеми и да побара помош, користејќи ја својата приказна и популарност на социјалните мрежи, Кендал започна да објавува видеа за акциозноста и своите искуства.
Со своите обожаватели сподели како навистина се чувствува за време на карантинот и ги повика да пишуваат за нивните искуства...
„Многу размислував за разни работи за време на карантинот, особено за важноста на менталното здравје. Сакав да ви покажам дека никој од нас не е сам, поради тоа се одлучив да се придружам на предизвикот „How are you really?“ во кој сакам секој од вас да ми каже како навистина се чувствува во овие тешки времиња.“ - кажа во видеото кое го сподели на Инстаграм.
„Јас имам добри денови и денови кога сум анкциозна. Затоа и ве повикувам да се придружите во овој предизвик и искрено да ги зборувате за своите чувства и проблеми“ - заклучи.
На крајот номинираше и неколку познати пријатели кои би требало да продолжат да го следат нејзиниот пример и да ги споделат со своите обожаватели своите искуства поврзани со менталното здравје. Помеѓу номинарите се најдоа Џастин Бибер, Хејли Бибер, Џек Аткин и Ким Кардашијан, па така наскоро може да ги очекуваме и нивните искрени животни исповеди.
Браво Кендал, ова е за пофалба!