Како да препознаете ЛАЖНА другарка?
Не е тешко да препознаете личност која не ви е вистински другар.
Можеби на прв поглед нема да можете да откриете лажен другар, но со текот на времето секоја таква личност го покажува вистинското лице.
Психолозите веруваат дека постојат знаци кои можат да ни укажат дека сме опкружени со неискрени другари.
Никогаш не е таму кога ви треба
Ако случајно ви треба рамо за плачење, а вашата другарка не е тука за вас, тоа е првиот знак дека нешто не е во ред со таква врска, особено ако сте секогаш тука за неа, во секое време од денот или ноќе.
Интуиција
Многупати е докажано дека интуицијата постои, затоа слушајте го вашиот внатрешен глас доколку ви каже дека на таков другар не треба да му верувате. Сè се случува со причина, особено ако го имате само тоа чувство кон неа/него.
Таа/тој не ја дели својата среќа со вас
Како што не дели тага со вас, нема да ја дели среќата. Лажните другари не можат да бидат задоволни со успехот на другите. А доколку не споделуваат среќа, тоа е главниот показател дека не ве заслужуваат како другар.
Сè се врти околу неа/него
Ако не е главна ѕвезда, ништо друго нема да ја интересира. Тоа е еден од знаците дека таа е благо нарцисоидна и дека не ви требаат нардисоидни луѓе во вашиот живот бидејќи тие се себични, несигурни и никогаш не можат да бидат вистински другари.