Како денес изгледаат синовите на Бритни Спирс?

Како денес изгледаат синовите на Бритни Спирс?

Објавена во: Музика, Семејство

За синовите на познатата поп пејачка Бритни Спирс многу се пишуваше во 2007 година, кога пејачката доживеа нервен слом. Бритни тогаш „падна“ поради товарот кој го носи популарноста, а во исто време поминуваше низ развод од сопругот Кевин Федерлајн. Тогаш 25 - годишната пејачка привремено го изгуби и старателството над синовите, Шон и Џејдан Џејмс.

Поранешните сопружници, Бритни и Кевин се бореа за старателството и со тоа ги полнеа медиумските наслови. Поранешниот пејач Кевин, во 2017 година проговори како изгледа нивното заедничко старателство над синовите:

„Мајка им беше на азиска турнеја се до средината на јуни и тогаш децата беа со мене. Кога се врати, логично беше дека до крајот на месецот ќе бидат со неа, а тоа значеше дека за Денот на таткото нема да бидат со мене. Така е тоа кај заедничкото старателство, мораш да бидеш подготвен да пропуштиш некои работи кои навистина сакаш да ги правиш со децата, денови кои навистина сакаш да бидеш со нив.“

Кевин, денес освен Шон и Џејдан имаш уште четири деца, а како и Бритни, многу често на социјалните мрежи ги споделува нивните заеднички моменти.

Минатата година 70% од старателството на Шон, кој денес има 14 години и неговиот една година помлад брат Џејдан Џејмс, му припадна на Кевин, а 30% на Бритни. Кевин побарал да се зголеми и алиментацијата која досега изнесувала 20.000 долари месечно.

Иако со синовите не го поминува секој ден, пејачката се труди деновите кога се гледаат, да бидат исполнети со активности и забава, па од нејзиниот Инстаграм профил може да видиме дека биле на прошетка во Дизниленд, во посета на егзотични животни и дека едноставно уживаат во меѓусебното дружење.


Објавена во: Музика, Семејство

Можеби ќе ве интересира: