Како живее денес ѕвездата од „Дара од Јасеновац“, девојката која го расплака Балканот: Чува стока, работи на нива и си ја исполнила најголемата желба

Како живее денес ѕвездата од „Дара од Јасеновац“, девојката која го расплака Балканот: Чува стока, работи на нива и си ја исполнила најголемата желба

Објавена во: Stars // Филм

Младата актерка Билјана Чекиќ (13) го воодушеви целиот регион со улогата на малата Дара во филмот „Дара од Јасеновац“, кој публиката имаше можност да го види во февруари 2021 година. Билјана со недели беше главна тема на сите медиуми, а потоа се повлече од јавноста.


Билјана живее во селото Срефлије, во близина на Козарска Дубица, а цел Балкан преку ноќ го запомна нејзиното име. Пофалбите за улогата на Даре се слеваа секој ден, а талентираната млада актерка доби голем број награди и признанија.


Манастирот Хиландар и додели стипендија, надевајќи се дека стипендијата ќе ѝ помогне успешно да студира и „да ги надмине сите тешкотии со кои се соочува таа, нејзиното семејство“.


Во месеците што следеа по телевизиската премиера на филмот, Билјана си ја исполни големата желба - првпат беше на летен одмор на море. Таа ја посети Будва, каде меѓу другото се сретна со триото Лук, Сајмон и Џејкоб кои во филмот го толкуваа ликот на нејзиниот брат Буда.

За време на престојот во Црна Гора, Билјана го посети и манастирот Острог.


По летната сезона, животот на Билјана продолжи вообичаено.

Станува пред шест, кога оди на училиште и штом заврши наставата доаѓа дома, каде по завршувањето на домашната задача му помага на семејството околу одржувањето на имотот.

Не ѝ е проблем да се грижи за малата фарма, да ја храни стоката и да помага на полињата, а кога времето дозволува, сака да си игра со помалиот брат и постарата сестра.


Своето школување, Билјана Чекиќ сака да го продолжи на актерство.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube/screenshoot/101 Studios


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: