Како дете го испеа хитот „Мариока“: Сега по вторпат подготвува песна за Евровизија
По конечната одлука на МРТВ, и годинава на „Евровизија“ да нѐ претставува Васил Гарванлиев. Од вчера јавноста не престанува да го коментира изборот на националниот сервис токму овој пејач да патува во Ротердам и да ги брани боите на нашата земја на најголемото европско музичко натпреварување. Но, имаше и многумина позитивно го оценија овој избор, особено што Васил и пред две години имаше шанса да биде дел од евровизиската манифестација како еден од придружните вокали на Тамара Тодевска, но и поради тоа што минатата година беше речиси подготвен за оваа манифестија, која поради пандемијата беше откажана. Сепак, има и такви што го доведуваат во прашање неговиот кредибилитет и потенцијал конечно да застане на евровизиската сцена како главен перформер.
Гарванлиев ни е познат уште од најрана возраст, кога на само седум години го испеа познатиот детски евергрин „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“.
По овој негов детски хит, кој и денес се слуша во секој дом, Васил никако не се откажа од музиката. Постојано беше присутен на многу места, а еден период живееше и работеше во Америка.
Сега почнува неговиот период на подготовка, а дали Васил ќе направи уште хит, кој ќе стане евергрин, останува да видиме на премиерното објавување на евровизиската песна.
фото: Инстаграм