Како до подобро селфи: Ѕвездата од „Riverdale“ има супер совети кои често го користи

Како до подобро селфи: Ѕвездата од „Riverdale“ има супер совети кои често го користи

Објавена во: Мода // Moj стил

Дали ова е нејзината голема „селфи“ тајна?

Лили на својот Инстаграм профил има многу „селфиња“ и на сите изгледа предобро. Како и успева тоа? Има неколку трикови со кои се послужува, а кои се тие сега ги откри.

Познатите девојки секогаш на „селфињата“ изгледаат вау, а кога ние обичните луѓе сакаме да објавиме едно, ни требаат 500 обиди за да дојдеме до она што е со совршено. Некогаш трикот е во ситниците и ти можеш да го направиш. Лошото „селфи“ може да стане добро само доколку промениш неколку работи, а Лили Рајнхарт позната како Бети од серијата „Riverdale“ има неколку асови во ракавот, кога се „селфињата“ во прашање.

Еден за кој можеби немаш размислувано е поврзан со шминката. Да се претера со шминката не е секогаш најдобра идеја - освен кога се решаваш да направиш „селфи“. Лили октир дека тоа е еден од нејзини трикови. Признава дека кога се фотографира, става повеќе „хајлајтер“ отколку вообичаено. На фотографиите малата количина нема толку да се гледа, но доколку немаш намера да одиш некаде, претерувањето со овој производ за убавина не е лоша идеја. Ќе ти го нагласи лицето на оние места каде што е потребно, а и кожата ќе ти изгледа поубаво и посјајно. Кога ќе го направиш совршеното „селфи“, само малку ублажи ја шминката и подготвена си за да продолжиш понатаму.

Уште една многу важна работа која и Лили ја нагласува како многу важна е осветлувањето. „Доколку осветлувањето е лошо, нема да направам ниту една фотографија“ - раскажа за Elle. Толку многу и е важно осветлувањето. Некогаш троши и повеќе од 5 минути за да го пронајде она вистинското. Тоа се нејзините совети кои смета дека се најважни за постигнување на што подобро „селфи“, а колку се навистина добро? Испробај!

Може да ве интересира:

Време е да заблескате: 5 најдобри мејкап трикови за најдобро селфи

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: