Како го поднесе апсењето на момчето? Ријана останува на Барбадос, позната е и причината

Како го поднесе апсењето на момчето? Ријана останува на Барбадос, позната е и причината

Објавена во: Совети // Семејство

Раперот беше уапсен на аеродромот во Лос Анџелес, поради драма која се одвивала во ноември 2021 година...

АСАП Роки, раперот со кој пејачката Ријана го чека своето прво дете, е уапсен на аеродромот во Лос Анџелес поради престелка која се случила во ноември 2021 година, а во која, според пишувањата на странските медиуми учествувал и тој. Наводно, тој пукал три до четири пати, според зборовите на жртвите, а извор за „Entertainment Tonight“ нагласува дека сето тоа, посебно апсењето, Ријана прилично тешко го поднела, најпрво поради бременоста.

„Ова е последното што ѝ требаше. Се надеваше на мир, релаксација... Фокусирана е само на бебето и породувањето кое ѝ се наближува“ - раскажа инсајдерот, нагласувајќи дека за апсењето поради извесниот инцидент воопшто не се надевала.

На Роки му биле ставени лисици само што излегол од приватниот авион со кој и допатувал од одморот на кој бил со својата избраничка.

„Ријана досега ги држеше сите конци во своите раце. Меѓутоа, работите се променија преку ноќ“ - тврди изворот, објаснувајќи колку пејачката била вознемирена.

Според понатамошните натписи, таа ќе остане во Барбадос, каде и самата е родена. Планира да се породи таму и без оглед на тоа што во Њујорк има силни врски, Лос Анџелес подоцна ќе биде „првиот вистински дом на бебето“. Секако, неколку месеци по породувањето ќе остане на островот.

За апсењето на раперот, јавно се немаат огласено ниту Роки, ниту таа.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: