Како изгледа денес: Ќе ја препознаете ли куќата на Кевин од „Сам дома“?

Како изгледа денес: Ќе ја препознаете ли куќата на Кевин од „Сам дома“?

Објавена во: Stars // Филм

Кога во 2011 година е објавена на оглас за продажба, почетната цена била 2.4 милиони долари

Семејната комедија „Сам дома“ е празничен филм кој многу гледачи го имаат научено напамет. Но, кога како возрасен ќе го погледеш овој филм, сигурно ќе ти се појави прашањето за тоа што работел татко му на Кевин за да може да си дозволи ваква раскошна куќа?

Овој прекрасен дом во филмот се наоѓа во Чикаго, Америка, но всушност е лоциран во неговото предградје Винетки. Кога во 2011 година оваа куќа е објавена на оглас за продажба, почетната цена изнесувала 2.4 милиони долари.

Откако стана позната благодарение на филмот од 1990 година, куќата е реновираната и прилагодена на 21 век.

Има 5 спални соби и три тоалети. На Кевин омилена му беше спалната соба на неговите родителите, но тоа не треба да ве чуди, бидејќи истата е огромна.

Куќата се простира на околу 400 метри квадратни, а се на наоѓа на одлична локација, во близина на езерото Мичиген.

Изградена е во текот на 1920 година во колонијален, грузиски стил со цигли на фасадата и бела столарија.

„Потребна ни беше голема куќа во која ќе може да ги изведени сите оние преплети, но требаше да биде и убава, да ги привлекува луѓето и да има топлина. Тоа е тип на куќа во која, кога сте дете, би посакале да останете сами. Сакав да изгледа безвременски“ - своевремено кажа режисерот на филмот, Крис Колумбос.

Куќата на улицата Лиунколн беше во сопствеништво на семејството Абеншајн кога продукциската куќа ја изнајми за филмот.

Ниту сега, кога е реновирана не е тешко да се сетите на некои сцени од филмот, како оние кога на овие скали Кевин постави една од најдобрите замки - онаа со кантите со боја.

Големата канцеларија можеби не е важна за вас, но оние повозрасните навистина би се забрашале со што се занивале родителите на Кевин, кога можеле да си дозволат ваков дом, 15 авионски карти од Чикаго за Париз, а во следниот филм 13 карти од Мајами за Њујорк и тоа среде празнична сезона.

Уживајте во фотографиите од денешниот изглед на куќата.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: