Како изгледа денес момчето од најпознатото чоколадо: Има балканско потекло и се уште работи како модел

Како изгледа денес момчето од најпознатото чоколадо: Има балканско потекло и се уште работи како модел

Објавена во: Мода // Moj стил

Сите го знаеме по овој изглед, но како навистина изгледа денес?

Доколку некогаш додека сте јаделе Киндер чоколадо сте се запрашале кое е момчето на пакувањето, колку години има денес или како изгледа, одговорите се овде.

Името Алесандро Егер за многумина не значи ништо, но неговата фотографија од детските денови многумина би можеле да ја препознаат. Станува збор за денес 29 - годишниот манекен и модел, кој во 90 - тите како момче бил заштитно лице на италијанските Киндер чоколади. Она што малку кој го знае за ова момче е дека по потекло е од Белград, пишува 24sata.hr.


Вели дека од Србија најмногу ми недостасува храната, мирисот на турско кафе, парковите, плачот и селото каде што го поминувал времето во детството. По успехот со рекламата, глумел во срии, „The Band“, „A Doctor in the Family“ и „Shades of Truth“, а со манекенството почнал да се занимава од 21 година.

„Откако во Рим ја снимив „Medico in famiglia“, познатата серија во која глумат и Милена Вукотиќ и Лино Бафни, се вратив во Милано и барав работа. Влегов во Версаче и прашав дали им треба келнер, продавач, било што и тоа го слушна кастинг директорот. Беше како во филмовите. Тој стоеше зад мене и само ми рече: „Дојди ти со мене“. Ме измери и утредента веќе седев со Донатела Версаче. Така започна мојата каериера, беше интересно, па дури и ја оставив глумата“ - раскажа тој.


Алесандро досега учествувал во повеќе од 50 модни ревии, а соработуваше со реномираните брендови како Версаче, Долче и Габана, Армани, Келвин Клајн...


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: