Како изгледа ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер по нападот: Ме тепаше, а потоа ми ги зема работите

Како изгледа ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер по нападот: Ме тепаше, а потоа ми ги зема работите

Објавена во: Совети // Семејство

Нејзиното лице е полно со модринки, откако, како што тврди, ја нападнала жена која била под влијание на наркотици...

Арјланд Болдвин, ќерката на познатата холивудските ѕвезди Алек Болдвин и Ким Бесинџер, брутално е нападната и ограбена.

Инцидентот се случил на паркинг, кога една жена физички ја нападната манекенката и ја удирала во пределот на лицето.

Потоа, споменатата жена и ги одземала личните работи и побегнала со автомобилот кој ја чекал. Ќерката на Алек фотографијата од лицето по нападот ја сподели на Инстаграм, каде опиша што точно се случило.

„Вчера во доцните попладневни часови ме нападна жена под силно влијание на наркотици, очајна за да добие пари. Ме удираше по лицето, на паркинг, ми ги зема работите и побегна со автомобил, во кој ја чекаше нејзиниот сопруг“ - напиша во објавата на Инстаграм.

Таа потоа истакна дека полицијата го решила случајот, а на неа и помогнале и неколку случајни минувачи, кога се случил немилиот инцидент.

„За среќа, имаше сведоци кои ми помогнаа. Полицајците ми рекоа дека тоа често се случува, бидејќи луѓето се очајни и немаат пари, бидејќи поради коронавирусот останел без работа. Се случуваат многу кражби“ - порача таа.

„Ова го објавувам за да ве потсетам да бидете внимателни и да внимавате на своето окружување. Ова се тешки времиња и треба да внимаваме едни на други“ - заклучи манекенката.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: