Како изгледа животот на децата на Бил Гејтс: Спијат на милијарди, но забранети им се многу нешта
Не е тешко да се претпостави дека Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на светот, ги расипал своите три деца со своето огромно богатство...
Сепак, тие се членови на едно од најбогатите семејства во светот. Коосновачот на „Мајкрософт“ и неговата сопруга Мелинда, инаку големи филантропи, решиле да ги воспитаат своите деца на изненадувачки скромен начин. Иако тие живеат во Вашингтон на имот како од бајките, кој вреди 127 милиони долари и имаат неколку други имоти во своето портфолио, нивните родителски методи се слични на оние што може да ги видите во просечни семејства. Ви откриваме како всушност растат нивните деца, што им е дозволено, а што не и колку пари ќе добијат од мама и тато.
Иако Бил и Мелинда водат и истоимена фондација, најголемата приватна фондација во светот, тие сепак ги делат домашните обврски со своите две ќерки Џенифер и Фиби и синот Рори. Миењето садови скоро секоја вечер е традиција во нивното семејство. Мелинда ја добила оваа идеја за да го потенцира фактот дека „неплатените“ домашни работи не треба секогаш да ги вршат жените, ниту мажите. Таа исто така верува дека заедничкото миење судови го зајакнува нејзиниот брак со Бил и семејните врски.
Иако нивниот татко е еден од најбогатите луѓе во светот, Џенифер, Фиби и Рори ќе мора да работат напорно за да ја освојат таа титула. Бил Гејтс во повеќе наврати изјави дека во иднина ќе им остави на своите деца минијатурен дел од своето огромно богатство, додека поголемиот дел од него ќе оди во хуманитарни цели. На овој начин, Бил ги учи дека мора да работат самостојно за да ги остварат своите цели и да бидат независни.
Титанот во светот на технологијата е прилично строг кон своите деца кога станува збор за употребата на технологијата. Бил и Мелинда им забраниле на своите деца да користат гаџети на трпезариската маса, додека првите телефони ги добиле по нивниот 14 - ти роденден. Бил им го ограничува и времето што можат да го поминат гледајќи во екраните, бидејќи верува дека на тој начин можат да добијат поквалитетен сон.
За време на едно интервју, Бил Гејтс откри дека неговото семејство активно оди во црква. „Ние ги воспитавме децата на религиозен начин. Тие ја посетуваат католичката црква во која сме дел јас и Мелинда.“ Тој исто така објасни дека неговата филантропска работа е првенствено наменета за намалување на нееднаквоста во светот, на која ќе бидат посветени неговите деца.
И додека Бил Гејтс е вистински револуционер во областа на технологијата, тој и Мелинда продолжуваат да го следат моделот на родителство развиен во 70 - тите. Методот на воспитување „љубов и логика“ ги намалува емоционалните реакции како што се навреди и проповедање на децата. Луѓето кои го следат овој пристап ги охрабруваат децата да ги решаваат сопствените проблеми. Сепак, како што вели Бил, тој и неговата сопруга сè уште го усовршуваат своето воспитување.
Извор и фото: luxlife.rs