Како изгледа животот на Фиби Гејтс - најмладата ќерка на Бил?

Како изгледа животот на Фиби Гејтс - најмладата ќерка на Бил?

Објавена во: Мода // Moj стил

Како што веќе добро знаеме, во светот на богатите и познатите, Бил и Мелинда Гејтс се суперѕвезди, а веќе добро сме запознаени со нивните навики, добри и лоши дела...

Дознавме многу работи за нивната настара ќерка Џенифер, која застана на „лудиот камен“ со Најел Насар, египетски јавач на коњи. Рори Гејтс, единствениот син на познатата веќе поранешна двојка има голем интерес за светот на кинематографијата и е на пат да стане актер.

Но, што е со Фиби? Дали таа повеќе личи на мама или на тато? Најмладата ќерка на најбогатите луѓе во светот и понатаму живее во својот семеен дом, сака да стане пејачка и танчарка, а со брат ѝ го дели интересот за филмската индустрија.

Во интервју, Мелинда растењето на Фиби со правилни вредности го опиша како свој најважен подвиг. 

Родена е на 14 септември 2002 година во Белвју, преградие на Сиетл. Моментално живее во величенствената вила вредна 125 милиони долари со своите родители - не знаеме кој од нив двајца ја добил оваа вила во разводот на бракот. Децата на Гејтс пораснале во куќа која има соба за брамболина, вештачка плажа со вистински песок од Карибите, вештачки поток со живи риби и затворен базен. Животот во вилата која е исполнет со бројни луксузи, сепак не значи дека нивните деца се разгалени.

Децата на Бил и Мелинда го посетувале истото училиште како и нивниот татко - „Лејсајд“ прватното средно училиште. Фиби била балерина и оваа улога ја сфатила доволно сериозно за да успеа да се запише на „Professional Children's School“ во Њујорк. Исто така, таа го посетувала и Американското училиште за балет во познатиот „Линколн“ Ценатар за Уметност и перформанси, како и престижниот „Џулијард“.

Иако примарно ја огледувала мајка ѝ, бидејќи нејзиниот татко бил константно зафатен, Бил имал значајна улога во животот на својата ќерка. Таа многу личи на него, без разлика дали зборуваме за книгите кои ги чита или љубовта која ја гаи кон компјутерите. Според коментарите на луѓе блиски до семејството, Бил и неговата најмладата ќерка имаат многу повеќе заеднички работи, во споредба со другите деца. 

Фиби има момче од 2019 година, а често споделува заедничи фотографии на својот Инстаграм профил. Флин исто така е од Сиетл и го посетувал истото училиште, а како што дознаваме, младата двојка обожува да патува и тоа им претставувало голем проблем во текот на пандемијата.

Најмладата ќерка на Гејтс исто така одиграла клучна улога во разводот на своите родители, поточно одложување на истиот. Мелинда нивната разделба ја имала на ум долги години, но двојката не била подготвена да се раздели додека децата не им пораснат. Според пишувањата на „Бизнис инсајдер“, одлуката за разделбата отсекогаш била поврзана со нивната најмлада ќерка Фиби и неговото полнолетство. Сакале да бидат заедно за неа додека не заврши со школувањето.

На Инстаграм профилот на Фиби можеме да видиме каде патувала и кои краеви од светот ги истражила во друштво на своите најдобри пријатели. На повеќе нејзини објави можеме да ја видиме нејзината другарка Мими, и очигледно е дека тие две се неразделни.

Како вистински љубител на природата, Фиби 2020 година ја дочекала истражувајќи ја природата, уживајќи со своите пријатели во секој чекор. Уживала во времето кое го поминала во Кенија, истражувајќи го дивиот свет без ништо да ѝ го одвлекува вниманието.

фото: Luxury Launches

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: