Како изгледаат денес децата на непрежалениот претседател Трајковски: Сара и Стефан одат храбро, гордо во животот

Како изгледаат денес децата на непрежалениот претседател Трајковски: Сара и Стефан одат храбро, гордо во животот

Објавена во: Совети // Семејство

На 26-ти февруари, 2004 година, тогашниот македонски претседател Борис Трајковски, трагично го изгуби животот во авионска несреќа. 

Тогаш Стефан и Сара, двете деца кои ги имаа со сопругата Вилма, беа малолетни и не беа многу присутни во јавноста.
Особено по неговата смрт, Вилма со децата уште толку се повлекоа од медиумите и никој не знаеше многу за нивниот животен пат, ниту пак како изгледаат пораснатите деца на некогашниот претседател. Јавноста можеше да ги види единствено кога се оддржуваа годишнини од смртта на Борис Трајковски.

Сара и Стефан и понатаму не се експонираат во јавноста и за нив малку се знае.
Стефан не е активен на социјалните мрежи, не знаеме многу за неговиот животен пат, а едниствените фотографии на кои наидовме се од 2013 година, иако судејќи по фотографијата од поменот за татко му, не се променил многу.

За разлика од него, Сара е активна на Инстаграм каде често споделува фотографии. Таа живее во САД, таму студираше на познат универзитет во Њујорк. 

Сара често патува на различни дестинации низ Америка.

А еден период беше вратена во родната земја, заклучивме по фотографијата која ја објави од локација во Македонија.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: