Како јајце на јајце: Познати ѕвезди кои личат една на друга, а не се роднини
Сличноста помеѓу нив е изненадувачка, а на многумина им се случувало да се збунат и да ги помешаат со нивниот двојник...
Велат дека на светот секој има свој двојник, само е прашање на време кога ќе го запознаеме. Некои познати светски ѕвезди имаа среќа да ги пронајдат своите двојници, ни помалку ни повеќе, туку на јавната сцена. Она што е интересно е дека некои од нив толку личат што ни е тешко да поверуваме во тоа дека не се роднини.
# Мајли Сајрус и Џастин Бибер
Можеби денес не би го кажале тоа, но сличноста помеѓу Џастин Бибер и Мајли Сајрус е неверојатна. Таа беше особено изразена кога Мајли ја скрати косата, Џастин стана русокос, па почнаа неверојатно да личат еден на друг, а тоа го забележа и самата пејачка, која често се шегуваше на тој начин. Она што многумина забелжаа дека тие двајца имаат усни со сличен облик, како и очи, но и овален облик на лицето.
# Сара Хајленд и Мила Кунис
Разликата од 7 години помеѓу Сара Хајленд, ѕвездата од „Модерно семејство“ и нејзината колешка Мила Кунис е занемарлива кога се тие две во прашање, бидејќи екстремно потсетуваат една на друга. Толку што многумина помислуваат дека се сестри, што не е случај. И двете имаат крупни очи, иста боја на коса и бејби - фејс, дури и иста насмевка.
# Кети Пери и Зои Дешанел
Актерката Зои Дешанел и Кети Пери толку личат една на друга што слободно би можеле да поминат како близначки. На социјалните мрежи со години наназад може да се видат коментари дека луѓето нив две констатно ги мешаат, а дури и денес е тоа случај. Двете се бринети, очите им се скоро пресликани, а имаат и сличен вкус за мода. Единствено кога луѓето може да бидат сигурни во тоа која е Кети, а која Зои е кога Кети ќе се одлучи за некоја интересна и поинаква боја на коса.
# Том Харди и Логан Маршал Грин
Том Харди важи за еден од најзгодните актери во Холивуд, а една од првите работи која се појавува кога го „гуглата“ е дека дали е во сродство со колегата Логан Маршал Грин. Сличноста помеѓу овие актери е неверојатно голема, а итнересно е што Логан всушност има брат близнак, Тејлор.
# Кира Најтли и Натали Портман
Актерките Кира Најтли и Натали Портман се многу успешни, а многу обожаватели ја воочија сличноста помеѓу нив, атолку што можеби и вие некогаш сте ги помешале. Бојата на косата, очите, устата, па дури и обликот на лицето им е сличен и доволен за да се најдат на оваа листа.
# Леонардо Ди Каприо и Ерик Дејн
Популарниот оскаровец и докторот од „Вовед во анатомија“ потсетуваат еден на друг, а сличноста помеѓу нив двајца е во очите. Двајцата имаат слични сини очи, кои ги прават да изгледаат некако мистериозно, па не е ни чудно што важат за срцекршачи и големи заводници.
# Марго Роби и Џејми Пресли
Нема шанси овие две актерки да не ги немате помешано барем еднаш. Кога се појави во филмот „The Wolf of Wall Street“, многумина помислија дека Марго е всушност Џејми. А кој може да ги обвини?! Нивните очи, уста, па дури и веѓи изгледаат потполно исто. Тешко е да се пронајде разлика помеѓу нив две. Иако Џејми е постара 13 години од својата колешка, тие две сигурно може да поминат како близначки.
фото: Profimedia / Printscreen