Како мал беше голема ѕвезда, потоа агентите го откачија: Сега има 30 години и сигурно не би го препознале

Како мал беше голема ѕвезда, потоа агентите го откачија: Сега има 30 години и сигурно не би го препознале

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Фото насловна: You Tube DanieL-dydy Liu

Дали се сеќавате на неодоливото русо момче од филмот „Џери Мекгваер“ кое ја воодушеви публиката во оваа продукција рамо до рамо со Том Круз и Рене Зелвегер? Ликот на ова пријатно момче го толкуваше тогаш шестгодишниот Џонатан Липники и тоа е интересна патека по која патувал овој млад актер од тогаш до денес.

Имено, во 1999 година, три години по успехот во „Џери Мекгваер“, Липники се појави во друго култно достигнување - „Стјуарт Литл“, а потоа глумеше во детските филмови „Малиот вампир“ и „Никој како Мајк“.



Џонатан ветуваше многу и беше главната надеж на холивудската индустрија, но како и повеќето детски sвезди, тој не се снајде најдобро во преминот од актер за деца во актер за возрасни. Имаше сè повеќе проблеми да најде соодветни улоги, а исто така призна дека агентите отворено му кажувале дека ја изгубил привлечноста од тинејџерските години Тој вели дека тоа било еден вид вербална злоупотреба.

 - И како дете и како тинејџер бесмилосно ме исмејуваа некои луѓе кои сега се дури и мои пријатели на социјалните мрежи. Ми рекоа дека поминало моето време и дека повеќе нема да работам. Во средно училиште се чувствував како ѓубре и се случи да имам напади на паника пред училиште, бидејќи се прашував како ќе изгледа следниот ден. Имав навистина понижувачки ситуации - неодамна откри 30-годишникот.



Поради сето тоа, тој се повлече од светот на актерството некое време, но посочува дека имал јасна визија дека токму тоа сака да го прави во иднина.

- Одлучив да се однесувам кон глумата како да станува збор за образование. Отидов на часови по глума и си поставив една година рок да видам како ќе се чувствувам. На крајот на годината добив улога во филм и никогаш не се свртев назад - рече еднаш актерот.

Навистина, Липники и денес снима филмови - можеби не холивудски хитови, но на крајот го прави она што го сака и го оствари својот сон за глума.

 - Јас сигурно не снимам никакви блокбастери или студиски изданија сега, но моите филмови сè уште се во кино. Ги бркам своите соништа и не можам да бидам посреќен - напиша неодамна на Инстаграм.


Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: