„Како ми пропадна матурата“: Тејлор Свифт дипломата ја добила по пошта

„Како ми пропадна матурата“: Тејлор Свифт дипломата ја добила по пошта

Објавена во: Совети // School zone

Со пари навистина не може да се купи сѐ, а Тејлор Свифт тоа го потврди со својот говор на „Dear Class of 2020“, виртуелната матура на која со многу ѕвезди им се обрати на младите кои оваа година го завршуваат школувањето. Како што истакнува таа, се уште ѝ е криво што ја пропуштила својата матура.

„Здраво луѓе, овде е Тејлор. Сакав да ви честитам. Знам дека ова не е матурата која ја сакавте, но јас тоа го разбирам. Кога бев млада и јас сонував за матурата. Меѓутоа, кога ми се приближуваше матурата, морав да одам на турнеја со мајка ми. Времето го поминував во автомобили, седејќи на аеродроми, за на крајот да ја добијам дипломата по пошта. Тоа никогаш не го замислував така, но  и понатаму сум горда на тоа“ - раскажа таа.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: