Како млада животот го дадов на Дизни, не знам дали сум добра актерка: Селена Гомез конечно доби можност да покаже колку вреди
Наскоро публиката ќе ја гледа во ново ТВ остварување, на што многу се радува...
Талентираната актерка и пејачка, Селена Гомез е многу горда што е дел од новата серија „Only Murders in the Buiding“, а како што истакнува ова ќе биде нејзино прво сериозно прикажување на ТВ екраните, што ја радува, бидејќи смета дека во текот на детството немала можност да се докаже.
„Многу млада својот живот му го дадов на Дизни и не знаев што правам. Само трчкав наоколи за време на сетот“ - истакна Селена за магазинот PageSix.
Во новиот формат рамо до рамо застана со колегите Мартин Шорт и Стив Мартин, кои ѝ помогнале да го донесе ликот на вистински начин, а вака Селена го опиша тоа искуство.
„Навистина е убаво да се вратиш на телевизија и убаво е да ги глумиш своите вистински години, што никогаш не се случува. Не знам дали сум добра актерка. Јас само ја работам мојата работа“ - откри актерката.