Како пресликана: Наследничката на Синди Крафорд ја оживеа насловната страница на мајка ѝ стара 27 години
Исто како познатата мајка, Синди Крафорд, која беше главна на модните писти во 90-тите, младата Каја Гербер тргна по нејзините стапки, а потврда за тоа и најновиот едиторијал со кој ја ископира насловната страница на мајка ѝ, стара скоро три децении.
Каја Гербер (20), ќерката на познатиот супермодел Синди Крафорд позираше за насловната страница на новиот едиторијал на американското издание на магазинот „Elle“.
Но, она што на сите им падна во око, е тоа што Каја ја ископира насловната страница од младоста на мајка ѝ и за момент се претвори во неа.
Пред 27 години, Синди ја красеше насловната страница на овој познат моден магазин, позирајќи во џемпер со американско знаме, кој носеше потпис на познатиот моден дизајнер Ралф Лорен.
Фотографијата која датира од 1994 година ја направи познатиот фотограф Жил Бенисмон, додека за фотографијата на која Каја ја имитира мајка ѝ ја направи Натаниел Голдберг.