Како се однесуваме кон нашите деца, внуци и воопшто млади луѓе? - Една од најдобрите слики во светот носи прекрасна порака

Како се однесуваме кон нашите деца, внуци и воопшто млади луѓе? - Една од најдобрите слики во светот носи прекрасна порака

Објавена во: Совети // Семејство

Една од најдобрите слики на светот која има непроценлива вредност... Зошто?! Ова е слика на рускиот уметник Федор Решетников, која ја насликал во 1952 година, под наслов „ПОВТОРНО НИСКИ ОЦЕНКИ!“.

Станува збор за момче кое се враќа од училиште откако паднало на тест и како семејството го гледа со вина, а брат му потценувачки...

Преку оваа слика уметникот вели: „Однесувајте се кон него како што тоа го прави кучето“. Го сака без разлика дали ќе го положи тестот или не, го сака поради него самото“.

Оваа слика е модел на уметност што ги едуцира луѓето и го коригира нивното лошо однесување.

Како се однесуваме кон нашите деца, внуци и воопшто млади луѓе? Можеби тоа ме тера да размислувам за тоа како се однесував со моите деца кога беа мали и кога бевме во исто домаќинство.

Сега и тие се родители и имаат свои деца, мои внуци кои бескрајно ги сакам. Не можам да го вратам минатото, не можам да сменам ништо од минатото, но сепак можам да се молам за моите деца и внуци.

Да побарам од Господа прошка ако не ги третирам тие прекрасни дарови што ми ги даде на начинот на кој вели Божјиот збор. Денес го молам Господ да „поправи“ се што пропуштив. Ми треба милост и прошка за моите грешки.


Автор: Здравко Конечки

Превземено од новиживот.нет / ФОТО: Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: