Како Селена Гомез заврши во врска со Зејн Малик?
Откако извесна водителка од Њујорк на
социјалните мрежи објави преписка со пријател преку која им
соопштила на сите дека „Селена Гомез и Зејн Малик се гледаат“, пејачката двојка
стана една од омилените теми за разговор. Гласините не стивнуваат особено
поради фактот што мајката на Малик ја следи Селена на Инстаграм.
На оваа тема разговараат и корисниците на различни социјални мрежи, а некои отидоа дотаму што на јавноста и дадоа увид како точно Селена стигнала до Зејн и обратно, поточно тие наведно се споиле преку Инстаграм. Имено, тие веќе подолго време „орбитираат еден околу друг“, па на „тврдокорните“ обожаватели им е јасно дека врската меѓу Селена и Зејн била логичен след на настаните.
Од сите нивни поранешни избраници и одредени пријатели кои се најдоа „во мешаница“, речиси само тие се уште не беа заедно.
Своевремено, Селена беше во врска со Викенд, која, како што е веќе познато, ја бакна Бела Хадид. Инаку, Бела е сестра на манекенката Џиџи, која во септември 2020 година ја роди ќерката Каи.
Фото: SelenaGomez/Profimedia