Како сестри близначки со американските актерки: Антониа и Мартија ги пронајдоа своите двојнички

Како сестри близначки со американските актерки: Антониа и Мартија ги пронајдоа своите двојнички

Објавена во: Stars // Музика

Младите пејачки си ги пронајдоа своите двојнички од актерските ѕвезди...

Во последно време често сме сведоци на дружбите на македонските млади пејачки Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ. За сите нивни средби, двете тин ѕвезди нѐ известуваат на социјалните мрежи, а една од последните дружби им беше забавата по повод родеденденот на Антониа.

Набрзо потоа, Антониа малку ги збуни сите следбеници на Инстаграм, кога објави фотографии од две познати тин ѕвезди, поточно две млади американски актерки. На фотографијата која се најде на стори кај Гиговска позираат Алекса Деми и Синднеј Свини, актерки кои сигурно сте ги забележале доколку сте ја гледале серијата „Еуфорија“.

На прв поглед изгледа како на фотографијата да се Антониа и Мартија, а не овие американски актерки, а за да не ги држи долго во неизвесност, Гиговска на своите следбеници им откри дека на фотката не се таа и Мартија.

„Мартија мислев дека сме јас и ти“ - напиша Антониа покрај фотографија, откривајќи ја мистеријата.

Р.Х.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: