Како сестри: Ќерката на Рис Витерспун е нејзина копија, а со новата фотка повторно ги воодушевија следбениците (ФОТО)

Како сестри: Ќерката на Рис Витерспун е нејзина копија, а со новата фотка повторно ги воодушевија следбениците (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Одамна е познато дека Ава е нејзина мала копија...

Холивудската актерка Рис Витерспун на социјалните мрежи сподели фотографија од вечерата на која била со ќерка ѝ Ава. Повторно успеаја да ја воодушеват јавноста со својата сличност.

Тие две толку личат што обожавателите често ги мешаат, а најмногу поради бојата на коса и истите фризури, но и очи. Во странските медиуми одамна се споменува дека Ава е вистинска копија на нејзината мајка, а од друга страна дека Рис изгледа како да не старее.

Инаку, Рис ја доби Ава во првиот брак со актерот Рајан Филип од кој се разведе во 2006 година, по 7 години брак. Некогашната брачна двојка го има и синот Декон, кој неодамна наполни 18 години.

Рис е мајка и на 9-годишниот Тенеси, кој го доби со сегашниот сопруг Џим Тот, кој ѝ помага во растењето на трите деца.

Пред еден месец, Рис сподели фотка од летувањето, а и тогаш привлече големо внимание поради изгледот.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: