Како сите нормални луѓе: Ариана Гранде уживаше на концертот на својот идол

Како сите нормални луѓе: Ариана Гранде уживаше на концертот на својот идол

Објавена во: Stars // Музика

Дури и познатите ѕвезди имаат свои идоли. За Ариана Гранде тоа е Кристина Агилера, на чиј концерт беше овој викенд, по враќањето од Амстердам. Во друштво на својот сопруг Далтон Гомез, Ариана беше во амфитеатарот „Hollywood Bowl“, каде се претвори во една обична обожавателка и уживаше во хитовите. Ова е една од ретките можности, по подолго време да ужива во концертите.

„Врескам“ - напиша Ариана на видеото на кое ја слушаме Кристина како го пее својот голем хит „Fighter“. „Те сакам, честитки до тебе и организаторите на ова неверојатно шоу“ - додаде таа. Ариана подоцна објави и фотографија од себе, Далтон и уште двајца пријатели, а во таа прилика таа носела заштитна маска за една употреба, пренесува E! News.

За жал, пандемијата на вирусот никогаш нема да сопре самата од себе, па Ариана е внимателна дури и кога ваквите концерти имаат дозвола за присуство на јавноста. Доктрите воглавно најавуваат дека есента ќе биде прилично црна кога станува збор за короната, па така не знаеме дали можеме да се надеваме на вакви спектакли и во текот на наредната година.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: