Како со помош на чаша вода да откриеш во каква состојба е твојата коса?
Дали е време да се шишам или не? Една од најголемите дилеми на женскиот пол, барем кога е во прашање убавината, секако е дали е вистинско време за шишање или косата се уште не е во толку лоша состојба.
Но, доколку постојано си го поставуваш ова прашање, се што ти е потребно е една чаша со вода и две минути од твоето време.
Земи неколку прамени, а потоа потопи ги во чашата вода и следи што се случува.
Доколку косата тоне, тоа значи дека е слаба и кршлива, иако можеби ти изгледа дека е здрава. Тогаш е препорачано што е можно порано да го посетиш твојот стилист за коса за да се ишишаш, а додека не го направиш тоа, како прва помош ќе ти послужи маската за коса, која ја потхранува истата.
Доколку косата останува на површина, можеш уште малку да го пролонгираш заминувањето на фризер, бидејќи тоа покажува дека таа е во добра состојба.