Како вереничкиот прстен наменет за Меган Маркл се најде на раката на Кејт Мидлтон?

Како вереничкиот прстен наменет за Меган Маркл се најде на раката на Кејт Мидлтон?

Објавена во: Совети // Семејство

Приказна која сведочи за несебичност на принцот Хари...

Кејт Мидлтон на кралското семејство му се придружи со венчавањето за принцот Вилијам во 2011 година. Седум години подоцна Меган Маркл и принцот Хари го изговорија судбоносното „да“ во замокот во Виндзор.

Меѓутоа, на јавноста не и баш позната приказната за тоа како вереничкиот прстен на Кејт Мидлтон, вреден 300.000 фунти, всушност требало да и припадне на Меган Маркл..

Кога принцот Вилијам ја запросил Кеј, тоа го направил со преубавиот син сафир, кој некогаш и припаѓал на принцезата Дајана.

Овој вонвременски прстен е изработен од дванаесеткаратно бело злато, а на него се наоѓа непроценлив син сафир.

Принцот Чарлс овој прстен го купил за 28.000 фунти која ја запросил принцезата Дајана во 1981 година, а од тогаш неговата вредност е 10 пати поголема!

Откако принцот Вилијам ја запросил Кејт, таа веќе 10 години не го симнува од рака, а иако неговата приказна се поврзува на војвотката од Кембриџ, вистината е дека тој бил наменет за Меган Маркл.

Имено, во документарецот од 2017 година се наведува дека Вилијам и Хари по смртта на мајка им, го поделиле накитот помеѓу себе.

Па така, принцот Вилијам одбрал часовник, а принцот Хари овој прстен.

Меѓутоа, кога Вилијам сакал да ја побара за жена Кејт, принцот Хари му го понудил прстенот.

„Зар не би било убаво да ја побараш за жена со прстенот на мама? Така тој прстен еден ден ќе се наоѓа на тронот на Англија“ - наводно тогаш кажал Хари.

Пол Бурел некогашниот батлер во Кенсингтонската палата вели дека тоа бил најсебичниот чин кој покажал колку принцот Хари личи на својата мајка.

Доколку го задржал, денес овој прстен дефитивно ќе го носеше Меган Маркл, но како што велат не за кого е наменето, туку за кого е судено.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: