Како времето да застанало: Нехумани услови во кумановско училиште, а се најавува враќање во училишните клупи
Додека се разгледуваат начините како ќе се одвива наставата од септември, поради пандемијата на коронавурсот, родителите од кумановското село Студена Бара бараат подобри услови за своите деца, затоа што училиштето е старо, и е потребно реновирање на тоалетите.
Тие и досега протестираа и бараа условите да се подобрат, но тоа не се случи. Свесни се дека бројот на ученици е мал, но сепак сметаат дека децата заслужуваат подобри услови.
„Училиштето е катастрофа, треба да се реновира, ние одамна зборуваме за тоа. Посебно тоалетите треба да се средат. Ако се уреди, тоа ќе остане за нашите деца и за во иднина“, вели Сашка Павловска, родител.
Целиот текст и фотографиите од училиштето погледнете ги на Фактор.