Како за музичари, не сме лоши: Андријана Јаневска се пофали со училишната задача, што ја изработи заедно со синот Кристијан

Како за музичари, не сме лоши: Андријана Јаневска се пофали со училишната задача, што ја изработи заедно со синот Кристијан

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачката, виолинистка и професорка на ФМУ, Андријана Јаневска се пофали со изработената училишна работа на својот помал син. Сообраќајниот знак СТОП, како што откри таа во објавата го изработиле заедно и внимавале тој да биде профи како што побарал синот.

Имено 8-годинишниот Кристијан оди во второ одделение и за својата училишна задача побарал помош од неговите родители. Кои според фотографиите од изработеното завршиле одлична работа.

„Кристијан (2 одделение) ни кажува дека требало да изработи сообраќаен знак. Најдов црвена хартија и решивме да биде знакот СТОП. Арно ама, не сакав да го изработиме колку да се рече, туку да биде профи и така, седнавме да израчунаме по колку cm треба да отсечеме од страните на листот во форма на квадрат, за да добиеме осумаголник. Секако дека се сетивме да испринтаме готов формат преземен од интернет, но секогаш е убаво да си зададете предизвик. Ко за музичари, не сме лоши“. 



Фото: Фејсбук - Андријана Јаневска

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: