Каков егоцентрик: Ким Кардашијан ги разбесни обожавателите
Странските
медиуми пишуваат дека Ким Кардашијан еднаш признала дека со една спонзорирана
објавува на социјалните мрежи, заработува повеќе од целата сезона на шоуто.
Наводно се работи за 858.000 американски долари, по објава.
Најпознатата ријалити sвезда Ким Кардашијан (40) повторно ги изненади своите следбеници со ново соопштение.
Овој пат позираше во тесен фустан кој дополнително ги истакна нејзините бујни атрибути. И додека некои светски sвезди носат брендови, Кардашијан носи облека со принт на нејзиниот лик. Бројни следбеници коментираат дека старлетата сигурно има „дијагноза“ со оглед на тоа дека е голем егоцентрик.
- Каков егоцентрик. Ова е веќе болно - се наведува во коментарот.
Сепак, Кардашијанс заработуваат вртоглави суми со само еден пост на Инстаграм, па ејзината фотографија не е воопшто наивна.
- Без шоуто, не би биле тоа што сме денес и поради тоа продолживме со снимање, но реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да заработиме повеќе од целата сезона - рече реалити sвездата, која годинава беше на четвртото место на најплатената влијателни личности во светот.
Фото: Инстаграм/kimkardashian
Можеби ќе ве интересира:
Додека Кајли го губи статутот - Ким Кардашијан станува милијардерка