Каков пример: Чарли Ди Амелио призна дека не ја напиша сопствената книга

Каков пример: Чарли Ди Амелио призна дека не ја напиша сопствената книга

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сепак, „помогнала“ да настане книгата...

Чарли Ди Амелио ги разочара и изненади обожавателите кога призна дека таа не ја напишала книгата „Essentially Charli: The Ultimate Guide to Keeping It Real“.

ТикТок ѕвездата гостуваше во Јутјуб видеото на Дејвид Добрик и Џејсон Наш, каде раскажа како настанала книгата.

„Бев во контакт со жената која ја пишуваше, па така физички ја немам напишано. Јас ги кажував тие зборови, таа ги напиша и состави книга од нив... тоа траеше неколку дена: јас зборував, а таа ми поставуваше прашања“ - рече Чарли.

Добрик не е воопшто изненаден со ова, па тој застана во нејзина одбрана, колку ѝ неговите изјави да звучеа бизарно.

„Сите така пишуват книги. Тоа е добра работа, бидејќи можеш да ги средиш своите мисли, да ги снимиш, а потоа некој друг да ги запише“ - рече тој.

Чарли потоа се пошегува дека книгата би испаднала „чудна“ доколку ја напишела таа. Сепак, нагласи дека книгата ја прочитала повеќе пати пред да ја одобри.

Оваа нејзина изјава наиде на разни коментари на социјалните мрежи: додека едни не се согласуваат дека е сосема океј што други пишуваат наместо неа, други ја поддржаа. „Барем е искрена, наместо да ги лаже луѓето“ - стоеше во еден од коментарите.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: