Каков удар им зададоа Кејт и Вилијам на Хари и Меган со овој потег?

Каков удар им зададоа Кејт и Вилијам на Хари и Меган со овој потег?

Објавена во: Совети // Семејство

Британците не престануваат да зборуваат за луксузниот и скап животен стил на принцот Хари и неговата сопруга Меган.

Тие се лути зошто војводата и војвотката од Сасекс себе се претставуваат како големи хуманитарци и „еколошки борци“, а потоа 8 дена подоцна имаат ттри лета со приватен авион и за тоа плаќаат повеќе од 21.000 евра. За тоа време принцот Вилијам и неговото семејство добија позитивни поени од британската јавност бидејќи на својот годишен одмор во Шкотска отпатувале со комерцијален лет.

На одморот во Балморал кај кралицата Елизабета, прицот Вилијам, Кејт и нивните три деца патувале со останатите патници и својата карта ја платиле само 81 евро што е многу поефтино во однос на цената која ја платиле Хари и Меган.

Со овој потег војводата и војвотката од Кембриџ им зададоа удар на војводата и војвотката од Сасекс. Сите британски медиуми ги фалат Вилијам и Кејт, а ги критикуваат Меган и Хари кои веќе подолго време немаат добар статус во јавноста.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: