Каква чест: И Снуп Дог го поведе олимпискиот факел
Олимписките игри во Париз официјално беа отворени вчера со спектаклуларна церемонија што почна во 19:30 часот, а за прв пат во историјата на Олимписките игри свеченото отворање не се одржа на стадион. Околу 10 и пол илјади спортисти беа на речиси 100 чамци кои пловеа по реката Сена и минуваа покрај некои од најпрепознатливите париски знаменитости.
Мнофу спортисти го носеа факелот со олимпискиот олин, а меѓу нив и други ѕвезди кои не се спортисти.
Музичарот, чие вистинско име е Калвин Бродус Џуниор е икона на американскиот хип-хоп, еден од најпопуларните уметници во тој жанр ја имаше честа да го поведе факелот во одреден момент.
Снуп Дог се појави триумфално со знакот на игрите и прошета низ центарот на Париз.
Многумина беа изненадени зошто тој, но на оваа олимпијада се слават и различностите во сите свери.