Каква неблагодарност, јавноста е згрозена: Пријателката ѝ подари бубрег, а Селена не ја ни спомува

Каква неблагодарност, јавноста е згрозена: Пријателката ѝ подари бубрег, а Селена не ја ни спомува

Објавена во: Stars // Музика

Во документарецот за животот на пејачката и актерка Селена Гомез „Selena Gomez: My Mind&Me“ не се споменува една важна личност, девојката која го донираше нејзиниот бубрег и ѝ го спаси животот.

Филмот ги прикажува последните шест години од животот на Селена Гомез, како и нејзината борба со лупус, автоимуна болест која предизвикува природната имунолошка одбрана на телото да го напаѓа здравото ткиво.

Поради лупусот, Селена Гомез имаше трансплантација на бубрег во 2017-та година и се бореше со депресија и биполарно растројство. Хуманиот гест на нејзината поранешна пријателка и колешка Франсиа Раиса воодушеви многумина, а пејачката со години ја нарекуваше „сестра“.

Сепак, во споменатиот филм не се споменува Франсиа. А Селена ја именува Тејлор Свифт за нејзина единствена вистинска пријателка во интервју за американскиот магазин „Ролинг Стоун“.


„Никогаш навистина не се вклопив во кул групата славни девојки. Мојата единствена пријателка во индустријата е навистина само Тејлор“, рече Селена, која потоа зборуваше за нејзината борба со болеста и трансплантацијата, без да ја спомене Франсиа.

Разочарана пријателка ја сподели изјавата на Селена Гомез за Тејлор Свифт со коментар: „Интересно“, а потоа ја отследи од Инстаграм.

Селена потоа објави видео на „TikTok“ во кое зборува за овој потег, велејќи: „Жал ми е што не ги спомнав сите луѓе што ги познавам“, што уште повеќе ја налути јавноста.

Франсиа зборуваше за тоа колку донацијата на бубрег ѝ го промени животот ова лето: „Бидејќи имам еден бубрег што функционира и ми делува како филтер за моето тело, морам да внимавам што јадам и не можам да внесам многу протеини. Јадам многу, но морам и многу да ја џвакам храната што ми ја отежнува исхраната и не можам да се здебелам“.

Раиса ѝ замери на Селена што му се вратила на алкохолот по операцијата. Што и да се случило меѓу нив, потегот на Селена Гомез изненади многумина на негативен начин, кое е вашето мислење?

Извор: zena.blic.rs

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: